Љубовната приказна на Ко Нан и Вин Кац привлекува внимание и злобни коментари. Зошто? Поради разликата во нивната возраст.
29-годишната девојка и 75-годишниот милионер се верија во 2021 година, но оттогаш за неа постојано се редат коментари како „Ти си спонзоруша“, „Заинтересирана си само за неговите пари“ и „Само чекаш да го наследиш неговиот имот“.
На овие зајадливи зборови, атрактивниот модел возврати: „Навистина го сакам. Тој е љубовта на мојот живот“.
Нивната романтична сторија започнала на Instagram, каде првично стапиле во контакт. Но, појавата на коронавирусот ги раздели во различни држави.
Ко морала да остане во родниот Виетнам една и пол година, а потоа уште една и пол година додека да добие виза и да се пресели во САД. Тие се заедно вкупно четири години, од кои три ги поминале разделени.
„Ти благодарам што ме чекаше толку долго време“ – напиша Ко за својот сакан.
Сега, парот живее во Лос Анџелес.
„Вистинскиот маж ѝ дава место на својата жена во неговиот живот. Таа никогаш нема да биде љубоморна на други жени, затоа што тој секогаш ќе прави да се знае кое е нејзиното место“ – пишува Ко на фотографии со саканиот.