Австралискиот музичар и текстописец Кит Урбан јавно пред сите, својата сопруга Никол Кидман ја нарече “манијак во кревет“. Имено, кога една новинарка побарала од музичарот да ја опише Никол, тој рекол дека актерката е манијак во кревет, но со многу ум во главата.
На социјалните мрежи многу жени коментираа дека Кит ја поминал границата со тоа што ја открил интимата, но тоа на Никол воопшто не и смета. Таа и претходно изјавуваше дека сака да експериментира во кревет.
Инаку, по 13 години брак тој на славната актерка и посвети песна, која ја нарече Близнаци, според хороскопскиот знак на кој припаѓа Кидман. Римата “манијак во кревет, а со ум во главата“, е дел од песната на Урбан.
“ На мојата сопруга песната баш и се допадна“ рече австралискиот музичар.
Никол Кидман и Кит Урбан се венчаа во 2006 година, имаат две ќерки, Сандеј Роуз (10) и Фејт Маргарет (8). Актерката од бракот со Том Круз ја има ќерката Изабела и синот Конор. Иако имаат четири деца Никол јавно призна дека и е жал што Урбан не го запознала во девеесетите, бидејќи во тој случај ќе имале десетина деца.