Саше Митев е нашинец од Струмица кој сега живее во Швајцарија. Вчера тој исполни голема детска желба. Својата гитара ја донираше на дете чија желба беше токму тоа.
Се започна со барање од еден родител во една популарна група на Фејсбук.
„Браќа некој да не има гитара стара ми треба за мое дете нека пише цена и модел. Немам многу пари ама морам да и ја остварам желбата“, гласеше објавата на Фејсбук.
Саше Митев се јави веднаш во коментар. Понуди бесплатно да донира акустична или електрична гитара. Неговата објава наиде на над 1.400 лајкови за големиот потег.
„Би сакал да ја разбудам свеста меѓу нас и мислам дека со ова мало дело успеав барем малку во намерата. Детската насмевка нема цена“, рекол Митев за ТВ21.