Во јавноста сега се појави снимка како судиите од Премиер лигата лудуваат во Индонезија.
Пред одреден период хит беше видеото на кое се гледа Мајк Дин како го прославува успехот на омилениот тим, Транмере, а сега во јавноста излезе снимка на која се гледаат колегите на Дин, Андре Маринер, Кевин Френд и Мартин Аткинсон заедно со младиот Дејвид Коут како лудуваат со непознати жени во клуб во Индонезија.
Судиите присуствуваат на хуманитарно патување во Индонезија каде слободното време го искористиле за забава со тамошни девојки. Видеото е контроверзно само по себе затоа што речиси сите, освен младиот Дејвид Каут се женети и се родители, па токму затоа снимката стана главна тема на Островот.
Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК