Му се слошило на снимање во Италија и починал на сетот во Италија на 59-годишна возраст, пишува „Ла Република“.
Стивенсон се чувствувал лошо на островот Искија во саботата и бил примен во болница. Во понеделникот неговата здравствена состојба се влошила.
Џорџ Рејмонд „Реј“ Стивенсон беше познат по неговите улоги во три филма од франшизата Марвел „Тhor“. Стивенсон гледачите ќе го паметат и како недисциплинираниот, но добродушен римски легионер Титус Пуло во серијата „Rome“ на HBO, а глумел и во „Vikings“, „Star Wars: Rebels“, Punisher: War Zone, „Dexter“.