Вистинска драма се случувало на плажата Ахлада, кај Сарти, на Халкидики. кога еден човек бил претепан пред жена му и децата.
Имено,човекот си ги поставил работите на плажата како би се избањал и исончал со семејството и со намера таму да го помине денот. Но, од страна на газдата на барот било побарано тие веднаш да си заминат од тој дел на плажата, наводно, бидејќи припаѓал на барот. Кога одбил, кон него се упатиле чуварите на барот кои го истапале пред жена му и децата, а на видеото се слушаат и закани кон него.
Инаку, сите плажи во Грција се јавни, и не постојат приватни плажи. Ако дојде до инцидент постојат служби, и не се препорачува кавга со тие што го кршат законот.
ΞΥΛΟΔΑΡΜΟΣ ΑΠΟ ΜΠΡΑΒΟΥΣ ΣΕ BEACH BAR ΣΤΗΝ ''ΑΧΛΑΔΑ''….. ΛΙΓΟ ΠΡΙΝ ΤΗΝ ΣΑΡΤΗ
Posted by Γιαννης Κοτσαπουικιδης on Saturday, August 3, 2019