Досегашниот в.д.претседател Муамед Сејдини, е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
На денешното Изборно собрание во Охрид, делегатите, присутни 90 од вкупно 96, а 82 гласаа „ЗА“ и му ја дадоа довербата на единствениот кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски. Тој ќе има мандат до 2021 година кога ќе се одржи Редовно изборно собрание на федерацијата.
На Собранието на ФФМ беа присутни членот на Извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, Хеиди Беха, претставник од ФИФА, Алекс Филипс, Сашо Поповски, од МОК и заменик директорот на АМС, Газменд Ристеми.