Обожавателите на раперот Гуњу (24), кој беше убиен за време на грабеж пред две недели, беа згрозени кога се појави видео од настанот наречен „Последното шоу“, што се одржа во „Блис“ во неделата вечерта.
Гуњу, чие вистинско име е Маркел Мороу, беше убиен на 18 март во областа Хајтс во Мериленд. Неговата мајка изјавила дека за време на грабежот бил застрелан во грб и дека му бил украден голем приврзок украсен со дијаманти, кој секогаш го носел, објави „Дејли мејл“.
Во неделата, толпа негови обожаватели се собраа да му оддадат последна почит на Гуњу во Блис, клуб кој се рекламира себеси како „совршено место за одмор и танцување“. Порталот Theshaderoom.com наведува дека посетителите платиле по 40 долари за да присуствуваат на забавата.
На бизарната, вознемирувачка снимка се гледа телото на раперот со отворени очи, како стои исправено на сцената, облечено во дуксер, искинати фармерки и со златна круна на главата, додека толпата танцува и пее. Во еден момент некој пали огномет блиску до телото.
Многу корисници на Инстаграм останаа во шок од морбидната глетка, опишувајќи ја како „чудна“, „вознемирувачка“ и „непочитувачка“. Сепак, некои се бранеа, наведувајќи дека така сака семејството на жртвата.
Во соопштението објавено во понеделникот на Инстаграм, раководството на „Блис“ се обидело да се огради од контроверзното „испраќање“.
„Бевме контактирани од локална погребна компанија да им го изнајмиме просторот за да се одбележи заминувањето на Гуњу дома. Блис не беше свесен што ќе се случи. Искрено им се извинуваме на сите кои можеби биле вознемирени или навредени“, велат тие.
На видеото не е јасно дали фигурата на сцената е вистинското тело на Гуњу, но раперот Блек Форчн, кој имал настап таа вечер, тврди дека тоа навистина било неговото тело.
„Не, ова не е восочна фигура“, рече тој.
„Дејли мејл“ наведува дека за пукањето во кое е убиен раперот се уште никој не е уапсен, а полицијата на округот Принц Џорџ понудила награда од 25.000 долари за информација што ќе доведе до истреување на правдата.
ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО:
this is hands down the strangest funeral that’s ever been processed pic.twitter.com/NzRZmVezZy
— freeband gang mike (@YouSipFakePar) April 4, 2022