На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од депонијата Русино близу Гостивар, на кои се гледаат мртовечки ковчези фрлени на ѓубриштето.
Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот ковчег, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Ковчегот е празен и не се знае дали е заразен или не.
„Мизерно, па помизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон лугето кои се живи а потоа и кон оние кои починале“, се дел од коментарите на Фејсбук.
Posted by Deso Mateski on Monday, August 31, 2020