Запален уште еден автомобил во Штип

by Тони Зографски

По палењето пред пет дена на автомобилите на семејството Тушеви, сношти е запален автомобил марка мерцедес во зграда кај пазарот во Штип.

Во  територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 05:45 часот, по што пожарникарите веднаш излегле на терен. Нешто по седум часот, возилото целосно е изгаснето.

Како што дознава порталот mms.mk  возилот е на државјанин на Турција, кој во Штип имал бутик. Во зградата каде е опожарен автомобилот, имал стан под наем.

 

останати вести