Фронтменот на бендот „Рибља чорба“, Бора Ѓоргевиќ има рак на простата. Пејачот кој неодамна дознал за болеста, морал да ги откаже сите концерти.
Бидејќи работата е доста сериозна, Бора наскоро ќе мора да оди на лекување, пренесува магазинот „Свет“.
– Бора полека ќе престане да настапува поради рак на простатата. Тој неодамна сфатил дека е болен, а итно му се потребни пари за лекување. Единствено решение за карцином на простата е операција. Најважно е тоа што Бора одлучил да се лекува, па сите се надеваме дека ќе го победи и ова – изјавил извор за овој магазин.