По прекинувањето на љубовна врска со косовски државјанин во Германија, Маја Крстевска, нејзиното семејство, но пријателите се жртви на интернет тортура. Косовецот кој во моментот живее го Германија и се заканувал на Маја дека ако не му праќа експлицитни фотографии негови луѓе ќе го киднапираат нејзиниот 9-годишен син и ќе го однесат во Гњилане, пренесува Сител.
Тој одел дотаму што од неа барал со нож да си прави рани на рацете преку видео повик
-Имам закана од негова страна „Ти со мене немаш ништо, јас ќе ти правам проблем со други луѓе, да не можеш да излезеш на улица, да те плукаат сите, да не можеш да најдеш работа. Ако отидеш во Америка и таму ќе те знаат сите. Ќе направам да не можеш да најдеш никој со кој ќе можеш да створиш семејство“, вели Маја.
Фотографиите кои ги собрал сега тој ги користи за да изнуди 20.000 евра од семејството.
Најпрво упаднал во фејсбукот на Маја, но креирал и лажни профили со личните податоци на нејзината сестра, но и профили со податоци од нивни пријатели. Таму објавувал фотографии од семејството и пријателите, но ги објавил и нивните броеви, пишувајќи дека даваат сексуални услуги. Граѓани секојдневно ѕвонеле на броевите за да ја добијат наводната услуга. Додека го поседувал нејзиниот личен профил на луѓе им нудел 20 експлицитни фотографии за цена од 200 евра.
Повеќе на сител.мк