Утре, во организација на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија, ќе се реализира традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“.
На церемонијата која посебно е атрактивна за најмладите, „Дедо Мраз“ ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.
Активноста ќе се реализира на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната Страшо Пинџур со почеток во 11.00 часот.