Холивудската глумица Ким Катрал која на светската јавност ѝ е најпозната по улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“, неодамна се појави на подкастот Women’s Prize for Fiction и сподели дека таа и нејзиниот партнер долго време се обидувале да имаат деца.
„Беше 1998 година, а јас практично се претворив во научен експеримент… Моравме да имаме односи во точно одредено време… Едноставно немаше шанси да останам здрава, со добро емоционално и физичко здравје, а згора на тоа да работам 19 часа дневно“, истакна Ким.
Како што рече, тогаш имала 41 година.
„Заклучив дека морам да донесам одлука за мое добро. Сакам да работам, мојата работа е мојот пасош за независност, слобода и образование. Така, помислата да бидам во четириесеттите години, каде што количината на сценарија напишани за мене е повеќе од преполовена затоа што повеќе не ме сметаа за млада дама… моите улоги ги преземаа сè помлади жени“, продолжи таа.
„Размислив за тоа и решив дека не знам дали можам да го направам тоа, мислам, можевме да направиме се што нареди лекарот и сепак да не успееме. Можевме да го направиме сето тоа од буква до буква, а јас сеедно да не успеам да забременам. И така размислував за свое добро и решив дека ќе најдам друг начин да се остварам како родител. Мислам дека тоа беше моментот кога одлучив дека нема да имам деца“, заклучи Ким во подкастот.