Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел овие денови престојуваа заедно на крајбрежјето на Амалфи каде се снимаше новата кампања на Долче и Габана. Белучи се појавила во одлична форма, придружувана од ќерка си, облечена во џинс и бела кошула.
Дева пак, која минатиот септември наполни 14 години, е се поубава девојка и се повеќе наликува на својата мајка.
Инаку, Дева е ќерка од бракот на славната глумица со Вансан Касел. Девојчето е одбрано да биде дел од кампањата на новиот парфем на Долче и Габана.