Моника Белучи зрачи со сензуалност и на чекор до седмата деценија од животот.
59-годишната актерка мамеше воздишки во црна креација на настанот „Diner de la Mode“, одржан за време на Париската недела на високата мода.
За оваа пригода, убавата Италијанка избра црна кадифена креација од Александар Воте која ги истакна нејзините облини.
Белучи носеше накит од компанијата Картие со која негува долгогодишна соработка.