Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот.
Познатата актерка неодамна и официјално ја потврди врската со режисерот Тим Бартон, откако медиумите објавија дека се заедно со месеци.
Актерката соработува со својот партнер на нов проект, а сега на својот Инстаграм профил сподели детали од снимањето.
Имено, Моника Белучи покажа што се случува зад камерата и како изгледа снимањето, а покрај неа се појави и режисерот Тим Бартон.
Актерката блесна во црн, елегантен фустан кој ја истакна нејзината витка и фит фигура и ги воодушеви сите со нејзината раскошна убавина.
Да потсетиме, Тим Бартон и Моника Белучи започнаа врска во октомври минатата година, а се познаваат 16 години. Режисерот претходно беше во брак со нејзината колешка Хелена Бонам, додека Моника се разведе од актерот Винсент Касел пред неколку години.