Џесенија Ребека, 29 години, е подготвена да глуми заљубена девојка на мажи кои ќе ја платат вистинската цена.
Атрактивната девојка од Мајами ги претстави своите „Божиќни пакети за девојка“ на социјалните мрежи, со услуги кои достигнуваат до 150 долари на час.
„Обезбедувам одлична услуга за празниците за слободните мажи,“ напиша Ребека над фотографија со трите различни пакети кои ги нуди.
Мажите кои ќе изберат „Сребрен пакет“ ќе треба да платат 250 долари и да ѝ подарат подарок на Ребека. Во замена, таа ќе дојде во нивниот семеен дом на два часа, ќе јаде вечера и ќе раскаже неколку шеги.
Оние кои ќе издвојат 450 долари за „Златен пакет’ ќе можат да уживаат во нејзиното друштво три часа за време на празничната прослава. Додека е таму, Ребека ќе смисли симпатична приказна за тоа како се запознала со клиентот, за да не се открие дека е ангажирана.
Најскапиот „Платинест пакет“, кој чини 600 долари, овозможува Ребека да глуми љубовна партнерка шест часа. Таа ќе му каже „Те сакам“ на клиентот пред неговото семејство и дури ќе го бакне на образ.
Ребека е подготвена и на дополнителна работа — ќе им помага со миење садови по вечерата, за да изгледа како совршена девојка.