Додека актуелниот градоначалник и кандидат Петре Шилегов ја презентираше својата предизборна програма, една од жените кои стоеја зад него загуби свест и падна на земја. Шилегов се сврте на кратко, погледна што се случува и продолжи да чита од листот како ништо да не се случило.
За среќа, луѓето кои беа околу неа и помогнаа и ја извадија на страна од бината.
Нема информации каква е состојбата на жената и што точно се случило.
Настанот е на околу 46:30 од оргиналното видео