Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека за велигденските празници најверојатно полицискиот час ќе биде од петок попладне до вторник наутро. Но тој додаде дека за ова ќе се разговара на Влада оваа недела.
– Ќе разговараме каква мерка ќе биде воведена за време на велигденските празници, но еден од предлозите е да има рестрикција на движењето од петок попладне до вторник наутро, значи плус понеделник од тоа што е сега мерка за овој викенд- рече Филипче