Посебна техника за дишење што може да го спаси животот на луѓето кои имаат коронавирус, беше прикажано преку видео на социјалните мрежи од страна на англиски лекар.
Д-р Сарфараз Мунши, кој работи во Кралската болница во Ромфорд, Источен Лондон, ја претстави техниката со својата колешка, шефицата на медицинските сестри, Сју Елиот. Мунши објасни дека оваа техника се применува на пациентите кои се на интензивна нега, но дека може да им помогне и на оние со поблаги симптоми, па дури и како превенција за лица кои не се заразени.
Англискиот лекар објасни дека на овој начин во длабоките делови на белите дробови се внесува повеќе кислород, со што се спречува нивно оштетување и компликации опасни по живот.
Како функционира оваа техника?
За почеток треба да направите пет длабоки вдишувања и секогаш да го задржите пет секунди. На шестото вдишување повторно задржете го здивот пет секунди а потоа накашлајте се покривајки ja устата. Пак повторете ја постапката. Потоа легнете на стомак на кревет со јастукот под вас и наредните десет минути дишете подлабоко отколку вообичаено.
– Ова е најважниот дел бидејќи лежењето на грб може да ви ги затвори малите дишни патишта, може да доведе до ателектаза која може да доведе до секунадрно воиспаление на белите дробови и да ви се влоши состојбата – објаснил докторот.
Ова видео го сподели и познатата англиска писателка Џ.К. Роулинг, авторка на „Хари Потер“, изјавувајќи дека оваа техника многу и помогнала во нејзиното закрепнување од коронавирусот.