Еден израелски аптекар случајно примил четири дози од вакцината на „Фајзер“ против корона вирус, но вели дека му е добро.
Удај Азизи за ТВ Канал 12, изјави дека поминале неколку часа откако ја примил вакцината, кога било забележано дека место една примил четири дози одеднаш.
Најверојатно медицинската сестра не сфатила дека во едно шишенце има вкупно пет дози од вакцината на Фајзер.
Аптекарот изјавил дека досега почувствувал само благи нуспојави, болки околу местото на убодот и оти забележал црвенило, пренесуваат израелските медиумите.
Според нив, тој не се вознемирил кога му било кажано оти добил четири дози од вакцината одеднаш, и рекол оти за три недели ќе треба да прими уште една доза.
Азизи веднаш е испратен во болница на следење и дополнителни прегледи.
Инаку, во Израел масовната вакцинација почна во неделата и најпрво беа вакцинирани сите здравствени работници, а во понделникот сите постари од 60 години. Министерот за здравство Јули Еделштајн, вели дека за два дена вакцинирале 30.000 луѓе.