Откако идната сопруга го изневерила со братучед му, младоженецот го чекал вистинскиот момент за да ѝ се одмазди.
Младоженецот решил да се одмазди пуштајќи видео на кое таа има секс со неговиот братучед.
Според „Дејли мејл“, на интернет кружеле три видеа. Првото ги покажало младенците како доаѓаат на сцената преку свечената сала, а потоа било најавено дека ќе бидат прикажани снимки од нивниот живот. Меѓутоа, наместо тоа, на екранот пред сите гости се појавило видео на кое невестата води љубов со братучедот на младоженецот.
Гостите биле шокирани, а младенците се скарале, а сѐ резултирало со тоа што невестата го удрила со букетот.