Македонскиот актер, пејач, шоумен…Раде Рогожаров каде и да се појавеше со својата позитивна енергија секогаш го подобруваше расположението.
На него потсети Кирил Манев со објавата на Фејсбук:
“Секогаш е весел, позитивен. Ги сака луѓето, а и тие него. Не може без музиката. Досега сними голем број композиции, Каде е РАДЕ – таму е веселбата.
„Сега ми фали друштвото. Ковид 19 не оттуѓи. Сега секој од секого се крие. Ги заборавивме другаритге, пријателите, роднините. А без друштво и музика, нема веселба. Сега одам на прошетки, сам си пеам, ама тоа не е исто кога има и друштво. Се потсетувам на моите безброј дружења. Секогаш кога си пеам, се сеќавам какви бурни денови имавме и во Радио Штип, каде се чувствував како составен дел на тоа Радио. Се сеќавам на тунирот во мал фудбал што во Скопје го органзиираше спортското радио, Тони ,Зоран, Ристе Влахов, уште 1997 г. Тогаш, Радио Штип го освои првото место и наградата гран при, и за фудбалот што го прикажавме и за шоуто што го приредивме на публиката.
Тое не се заборава. .Секогаш тие моменти, на среќа и радост, остануваат врежани во моето срце.. Тие седенки со новинарите на Радио Штип, директните преноси од тие натпревари кога новинарите ем играа, ем во исто време вршеа радио преноси на програмата на Радио Штип, кога градот се „запали“, никогаш не се забораваат!. Тогаш , имавте и гости од Бугарија, новинарки од Радио Благоевград, кои видоа што значи едно креативно радио, кое за жал, подоцна беше укинато од политичарите Не знам што им сметаше професионалноста во работењето на вработените !?. Радио Штип ми е секогаш во сеќавањата. Тоа им го кажувам на сите мои другари и пријатели кога имаме седенки. Бев многу пати гост и на програмата. Со мене, во радиото , пееја и слушателите, тоа беше џумбуш .каков што немам доживеано никаде. Мислам не грешам , ова радио беше вистински сервис на граѓаните…“- ни зборуваше популарниот шоумен РАДЕ РОГОЖАРОВ, со кого денеска се сретнавме во центарот на градот и имавме време и да помуабетиме и да се потсетиме на убавите времиња минати во Радио Штип“ напиша Кирил Манев.