Рада Дабиќ била ограбена од чистачката С.Е. (46) која самата за себе вели дека е на прагот ,,од губење на нервите”.
Всушност куќната помошничка ја ограбила повеќе од 30.000 евра.
– Исказ во полиција дадов само откако ме ог рабија и коректно ја водеа истрагата и по три-четири дена ја најдоа и ја уа псија чистачката.
Била сослушана, признала дека ги украла парите и била пуштена слободно да се шета.
Парите никој не и’ ги побара, а можеби веднаш ќе се најдеа доколку и’ беше претресена куќата или пак беше приведена – огорчено и револтирано изјави Рада.
Таа дури неодамна добила покана од обвинителството каде ќе се појави да ја прераскаже својата верзија за настаните, но ќе донесе и документи за докажување на потеклото на големата сума пари.
Вели дека бавноста на државните институции секојдневно ја обесхрабрува сè повеќе, особено кога мисли дека парите ќе и се вратат дури по судски постапки, кои можат да траат долго со месеци или години.
-Иако призна дека ги украла парите, таа цело време слободно се шета и ги троши моите пари. Таа доби на време и може да ги сокрие, а веројатно во меѓувреме ќе смисли приказна да се одбрани.
Сега може да тврди дека имало помалку пари, може да каже дека земала 10.000 или само 500 евра – додава Рада.
Угледната Рада, која во сопственост има градинка во Шабац, градот кај што живее, секогаш е под голем притисок кога шета низ градот и кога другарките што ќе ги сретне ја прашуваат за нејзиниот случај и со неверување коментираат дека крадецот е на слобода.
– Ја ангажирав да ја чисти куќата по препорака на пријателка. Ние двете бевме во добри односи. И пиевме кафе заедно на денот кога таа ги украде парите.
Очигледно сè дрско и непромислено планирала бидејќи знаела дека одам на одмор. Во приказните во полиција се колнеше во својата чесност, па во најмала рака, по признанието, очекував да се појави, да објасни зошто ги земала парите, да се покае, да се извини и да понуди да ги врати парите – продолжува таа.
Според полициското соопштение С.Е. ги зела парите од чанта, а снопот бил скриен во длабочините на плакарот.
Кога ги изброила парите во нејзината чанта пред да замине на море и сфатила дека од оригиналниот банкарски пакет недостасуваат одредена сума евра и динари, Рада посегнала подлабоко во плакарот каде ги сокрила 30.000 евра кои и биле потребни за да го исплати станот кој таа го ставила под хипотека.
Тогаш сфатила дека била искрадена и за малку ќе се онесвестила.
Таа ја задржала својата присебност до тој степен што веднаш го свртела телефонскиот број на полициската станица.