Александар Миша Броз, најмладиот син на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, веќе има 82 години.
Тито го доби синот Александар со својата трета сопруга Херта Хас, која воедно беше и неговата прва невенчана сопруга. Нивниот брак траеше до почетокот на Втората светска војна во 1941 година кога Тито го напушти Загреб и се пресели во Белград.
Херта остана во хрватската престолнина Загреб, каде што набргу се породи и го роди синот Александар Миша. Миша е петто дете на Тито, но пред него преживеало само едно дете, од бракот со неговата прва сопруга. Миша живеел во Белград, во непосредна близина на својот татко. Основно и средно училиште завршил во Белград, а потоа заминал во Загреб, каде што завршил Правен факултет.
По осамостојувањето на Хрватска во 1991 година, по предлог на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, тој се вработил во Министерството за надворешни работи, каде што првин бил советник на министерот, а потоа и овластен министер во хрватската амбасада во Русија и Египет. Неговата последна должност била амбасадор во Индонезија до 2009 година.