93-годишна бабичка знае кој е рецептот за да се издржи карантинот поради корона вирусот.
Имено, Олив Веронеси го освои светот и стана вирален хит откако позираше на прозорец од својот дом во Пенсилванија со напис:
“Ми треба уште пиво!“
Фотографијата беше објавена на Фејсбук и за кратко време беше споделена над 46 илјади пати.
На фотографијата има речиси 3 илјади коментари, а во голем дел луѓе од целиот свет се нудат да ѝ купат пиво на старата жена, на што таа одговара:
„Убаво е доколку можете да направите такво нешто за една млада дама“.