Наташа Апостолска од Тетово која пред речиси две години во сообраќајна несреќа го загубила својот сопруг и нероденото бебе е незадоволна од пресудата која вчера ја донесе судијката Елена Илиевска. Таа објави дека на лицето кое во сообраќајна несреќа кај Млечен ресторан удри во моторот на нејзиниот сопругот му е изречена условна казна. Во таа сообраќајна несреќа сопругот на Наташа почина, таа го изгуби бебето, а и ѝ се нанесени тешки телесни повреди.
-Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!“, раегира на Твитер Апостолоска.
Таа во коментари вели дека и самата е адвокат и дека е огорчена од пресудата во која виновникот кој и ги одзел и е причинител на несреќата е ослободен и нема да сноси никаква огдоворност.
-Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа. Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот- пишува Наташа.