Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го повлече предлогот полковникот Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во влада која што ќе ги организира изборите на 12-ти април и ќе даде ново име.
Мицкоски ова го објави на прес конференција која што се одржа пред малку.
Името на новиот кандидат не го откри, вели попладнево ќе се чуе телефонски со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првично ним ќе им каже името на идниот министер за внатрешни.
Ковачки беше оспорен од власта поради членот 97 од Уставот кој што вели дека овластено лице не може да биде министер за внатрешни доколку најмалку три години не бил цивилно лице.