Неодамна беа објавени документи од судењето на педофилот Џефри Епштајн, а во едно сведочење се споменува и Мис Југославија.
Таа била спомната за време на сведочењето од Хуан Алеси, батлерот на Епштајн. Сепак, тој не ја именувал
„Имаше неколку мисици – Мис Југославија и Мис Германија чии имиња не ги знам. Имаше и многу кралици и други познати личности на кои не можам да се сетам. Имаше и еден многу познат адвокат Алан Дершовиц. Сигурен сум дека сте слушнале за него. Потоа секретарката на принцезата Дијана… Кој друг? Г -дин Трамп. Тој е позната личност. Потоа г-дин Роберт Кенеди Џуниор“, изјави тој пред судот.
Како што е познато, многу девојки дошле кај Епштајн преку модни агенции, кои всушност се параван за тргување со цел сексуална експлоатација.
Нивен макро бил Рон Епингер, кој подоцна бил пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк.
Документите ги вклучуваат, меѓу другите, Брус Вилис, Наоми Кембел, Леонардо ди Каприо, Камерон Дијаз, Мајкл Џексон, Кевин Спејси, Кејт Бланшет, Жан Лук Брунел и Џорџ Лукас. Тие се наведени како пријатели и соработници на Епштајн.