Шерика Де Армас, поранешна мис на Уругвај, која ја претставуваше својата земја на изборот за Мис на светот, почина на 27-годишна возраст по тешка битка со ракот на матката.
– Летај високо, сестро. Секогаш и засекогаш – напиша нејзиниот брат Мајк Де Армас на социјалните мрежи.
– Беше премногу напредна за овој свет и една од најубавите жени што сум ги запознала во животот – изјави актуелната мис на Уругвај Карла Ромеро.
Шарика настапила на светскиот натпревар во 2015 година кога имала само 18 години.
Убавата Уругвајка се занимавала и со хуманитарна работа, а посебно внимание посветила на организацијата „Pérez Scremini Foundation“ која се занимава со деца болни од рак, пренесува „Showbuzz“.