ЏОН ТРАВОЛТА СКРШЕН ОД СМРТТА НА ОЛИВИЈА ЊУТОН ЏОНС: Сенди, повторно ќе бидеме заедно, твојот Дени

by Тони Зографски

Оливија Њутн Џонс, ѕвездата на безвременскиот филмски хит „Брилијантин“ почина по триесетгодишна борба со ракот на дојката, а тажната вест ја потврди и нејзиниот сопруг.

Нејзиниот колега и голем пријател Џон Траволата, со кој глумеше во култниот филм, се огласи на социјалните мрежи и му покажа на светот колку е скршен од болка поради нејзината смрт.

– Најдрага моја Оливија, ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон – напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.

Во 1978 година, Оливија и Траволта играа во познатиот „Брилијантин“ во режија на Рандал Клајзер. Таа беше Сенди Олсон, а тој Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња, а донесе и бројни култни сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.

Оливија Њутн-Џон и Џон Траволта повторно беа заедно во 2019 година по повеќе од 40 години од снимањето на легендарниот филм.

останати вести