Исчезнатиот Матеј Периш вчера бил активен на Вибер. Негова слика се појавила во бројни групи поврзани со исчезнувањето на младиот човек. Според српските медиуми Матеј бил достапен во 21 часот и 53 минути. Засега не е познато за што станува збор, со оглед на тоа што медиумите претходно објавија дека неговиот телефон последен пат бил лоциран ноќта на неговото исчезнување во близина на остров во Сава.
Оваа информација предизвика лавина на коментари, а по тој повод се огласи и неговиот татко.
-Запознаен сум со тоа од страна на полицијата. Се работи за активности кој полицијата ги спроведува во склоп на истражувањето и сите детали за овој случај, вели Ненад.
Инаку сигналот последен пат на неговиот телефон е лоциран во 02:40 часот на 31 декември во близина на големиот воен остров каде се влева Сава во Дунав.
Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември. Вечерта тој бил во клубот „Готик“ со пријателите, за да го напушти клубот нешто по полноќ, а потоа бил снимен со неколку надзорни камери – како трча, се обидува да запре такси и се спушта по скалите кон Сава.
Потрагата по него трае веќе 23 дена, а истражителите се фокусирани на реката Сава.