Технологијата 5Г функционира во склад со правилата на одредени држави и нема никаква поврзаност со здравјето на луѓето, рекол шефот на информативно-аналитичката агенција „Телеком дејли“ Денис Кусков.
Во последно време во одредени земји, луѓето ја вандализираат инфраструктурата на 5Г и друга опрема заради гласините кои се шират на социјалните мрежи дека пандемијата на коронавирусот е поврзана со технологијата на мобилната мрежа.
– За жал, самоизолацијата не се одразува најдобро на психолошката состојба на луѓето, но и пред карантинот постоеја одредени фобии кога станува збор за новата мобилна мрежа, истакна Кусков.
Според зборовите на рускиот експерт, треба да се разликува реалноста од измислените работи – во Русија моментално нема активирани 5Г мрежи, и заради тоа не може да се зборува дека предизвикува коронавирус и дека штети на човечкото здравје.