Веќе втора година по ред, непознат добротвор за Божиќ ги дарува жителите на Драчевица, мала населба на хрватскиот остров Брач.
70 постојани жители на Драчевица и оваа година добија пликоа со подарок, бон во вредност од 500 куни или околу 70 евра. Мистериозниот добротвор особено ги израдува пензионерите со мали пензии, а бројот на такви во Драчевица не е мал.
Вкупната донација оваа година изнесува 35 илјади куни или околу 4.700 евра, а добротворникот сака да остане анонимен. Жителите на ова мало брачко место му се многу благодарни на добротворот и, иако се убедени дека го знаат неговиот идентитет, ја почитуваат неговата желба да остане анонимен.