Откко штедачите од пропадната Еуростандард банка денеска излегоа со остра реторика кон Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски, кој ќе управува со нов фонд за приватни инвестицски фондови, тој денеска преку својот Фејсбук профил им одговори на штедачите.
“Почитувани, ја разбирам вашата болка и трагедија, дека загубивте нешто што сте го печалеле цел живот. Ве молам да не бидете толку сурови во казнувањето на мене и мојето семејство. Вие изгубивте, ама јас и моето семејство загубивме најмногу. Покрај парите – и образот.
Наместо да бидеме од истата страна барајќи од институциите да се зафатат со овој организиран криминал, Вие барате жртви во мене и моето семејство.
Мислам дека претеравте“, им порача Трифун Костовски на штедачите.