(фото: Д. Кадиќ)
Пред пет години Мирјана Антоновиќ одлучила во јавноста да ја изнесе емотивната приказна која пред 32 години ја имала со пејачот Мирослав Илиќ од чија врска го добиле синот Девин, кој тој не сака да го признае. По пет години Девин поднесе тужба за утврдување на татковство, а Мирјана се огласи и откри дека набргу ќе започне судскиот процес. Но истовремено таа откри дека Мирослав и поднел тужба.
– Драги пријатели. Нема да верувате, Мирослав ме тужи за “прогонство“. Бидејќи се приближува терминот кога мора со мене да се соочи на суд, веќе не знае на кој начин да изврши притисок. Нема ништо да му помогне, сам себе се бламира, – напиша Мирјана на Фејсбук.