Познатиот спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) вчера беше пуштен по трезнењето во полиција. Според последните информации, тој возел со 1.73 промили алкохол во крвта, кога удрил во возило на специјалните полициски единици во Нов Белград, а потоа побегнал.
– Бев на свадба, и испив малку повеќе и тоа е тоа. Ништо не се случи, никого не убив, никого не згазив. Навистина не знам што точно се случи, – изјавил коментаторот и додал:
– Напишите, јас сум кретен!