Британскиот милијардер и поранешен прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун стана татко по четврти пат на 89 години, откако неговата 44-годишна сопруга, Бразилката Фабијана Флоси се породи со син во Швајцарија.
Според британските медиуми, раѓањето траело само 25 минути.
„Го нарековме мојот син Ејс, јас сум горд“, рече Берни за Блик.
„Беше лесно, раѓањето заврши за 25 минути. Фала му на Бога“, додаде Фабијана.
Двојката за време на бременоста била во изолација во нејзиниот дом во Сао Паоло. Она што не е откриено е дали Берни присуствувал на пораѓањето, бидејќи според некои извештаи тој бил на воз за Спилберг во Австрија каде што ќе се одржи трката во Формула 1 овој викенд.
Инаку, Флоси е трета сопруга на Еклстоун, откако претходно беше во брак со Британката Ајви Бемфорд со која ја имаше 65-годишната ќерка Дебора, и Хрватката Славица Радиќ, со која има уште две ќерки, Тамара и Петра. Еклстоун, сепак, нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар татко, откако Индиецот Рамџит Рагав имал дете на 96 години пред да почине оваа година.
Берни беше шеф на Ф1 40-тина години пред да се повлече во 2017 година и заработи над 3 милијарди долари во кариерата. Тој се запознал со директорката за маркетинг Флоси во 2009 година, а се венчале во 2012 година.