Милан Поповиќ ќе поднесе пријава против Игор Којиќ, по вербалниот инцидент кој се случил во чевтртокот. Имено, Игор со Северина дошол до куќата на Милан за да му го предадат малечкиот Александар, а на прашањето дали навистина Игор го навредувал и му се заканувал, Поповиќ одговорил:
– Да, вистина е. Имам намера да барам заштита од такво дивјачко однесување, особено што тоа се случува пред детето – рекол Милан за српски Телеграф.
Претходно Милан откри дека и Северина не разговара со него, дури ниту пред детето.
– Во интерес на детето е родителите да комуницираат. Ако ги следите советите на експертите, таа миминална комуникација на разведени родители за време на примопредавање е најголемата среќа за децата. Нормално е да се потрудам да воспоставам макар минимална комуникација со Северина кога сме во ист момент со детето. На Северина е тоа дали ќе прифати или нема да прифати, досега не прифатила и се надевам дека тоа ќе се промени, бидејќи тоа ќе го направи посреќно нашето дете – рекол Милан за Блиц.