Озтурк ги снимил моментите поминати во малиот простор кој му овозможил да преживее со својот мобилен телефон.
Првите зборови на видеото, на кое во тесен простор покриен со урнатини е видлива само неговата рака, се: „Ме фати земјотрес. Бог да ми помогне, се надевам дека сите се добро. Не сакам да умрам млад”
Во моментите кога ги почувствува последователните потреси под урнатините, Озтурк рече:
„Пријатели, поминаа скоро 40 минути внатре, мислам дека успеав да направам празнина каде што ми се стапалата, ископав со врвот на раката и ја пополнив празнината, со камења да не се урне. Одоздола чувствувам ладен воздух, мислам направив дупка низ која можам да дојдам до кислород. Да видиме дали ќе го преживееме земјотресов? Ако го преживеам овој земјотрес мислам дека ќе ги ценам работите во животот повеќе. Има уште многу луѓе кои треба да ги сакаат. Ве сакам сите многу, посебно мама, тато, браќа. Не плашете се, се надевам дека не сте тажни таму. Не знам што е се случува таму, но се надевам дека нема да има големи проблеми. Веројатно тоа е само нешто со неколку стари згради“ вели тинејџерот.
https://twitter.com/i/status/1624736433792491521
На видеата може да се види како младиот човек удира во ѕидот со камења за да го слушнат спасувачките екипи. Голема радост дојде кога го слушна гласот на својот татко Ертугрул Озтурк.
Озтурк, кој со асистенција на татко му удирајќи во ѕидот еднаш или двапати давал информации за неговата здравствена состојба и за околината во која се наоѓал, со овој начин на комуникација значително им ја олеснил работата на спасувачките екипи, а тој бил спасен по 63 часови.
На социјалните мрежи вирално е и друго видео снимено за време на разговорот на Озтурк со болничарите во Брзата помош. Откако бил извлечен од под урнатините, Озтурк им рекол на итната помош дека неговите книги се оставени под урнатините. Озтурк моментално е сместен во домот на неговиот вујко во Адана.
Екипата на Анадолија го посетила во Адана, а во разговорот раскажал како моментите под урнатините биле страшни. Тој раскажа како во моментот на земјотресот го формирал таканаречениот „триаголник на животот“, кој многу веројатно му го спасил животот.
„Бев во урнатини. Не можев да го слушнам звукот однадвор. Не можете да разберете дека врне веќе два дена. Можев да забележам по студениот воздух на ноќта. Си направив дупки за воздух. Скршив бетон за 20-30 часа.Се подготвив да чекам уште 2-3 дена мислејќи дека нема да можат да ме најдат“ вели тој.
„Фала му на Бога што имав телефон, спиев со главата на телефонот. Често губев свест, зборував сам со себе. Држев предавања како да има 45-50 луѓе со мене. Се обидов да стигнам до каменот кога слушнав гласови однадвор. Татко ми рече: Зборувај, удри ја карпата еднаш ако си повреден, удри двапати ако не си. Потоа ми рече „Добро ли си?“, а јас удрив во карпата до мене” – раскажа младиот човек.