Мелиса Донгел е една од најпознатите млади турски актерки, а публиката ја запознала преку голем број на серии во кои се појавува.
Таа денес има 23 години и ужива во својата слава, успехот и убавиот живот, но не било секогаш така. Мелиса имала многу трауматично и тешко детство.
Актерката во јули 2021 година започнала судски процес против својот татко и ја започнала битката за преземање на старателството над своjaта помлада, тогаш 17-годишна сестра.
Причината која се крие зад сето тоа е прилично шокантна – имено, актерката кога била тинејџерка била жртва на сексуално злоставување токму од страна на нејзиниот татко, а сакала нејзината сестра да не ја доживее истата судбина.
„Уморна сум од животот во којшто се правам како ништо да не се случило. Одвај го преживеав своето детство. Мојата мајка не ми веруваше. Ми рече: не оди во полиција, тие ќе ти го затворат татко ти, па ќе го ослободат, а тој ќе те убие“, изјавила прекрасната убавица.
Мајката на Мелиса навистина јавно признала дека не ѝ верувала на својата ќерка:
„Мојата ќерка пред две години ми соопшти дека татко ѝ ја злоставувал, но не ѝ верував поради тоа што јас не сум го видела тоа. На крајот едно утро го најдов покрај ќерка ми и го прашав што прави“.
Мелиса добила огромна поддршка од турската јавност, а дури направен бил и хаштаг – #MelisaDöngelYalnızDeğildir (Мелиса Донгел не е сама).
Но, тоа не го сменило минатото, оваа млада Турчинка со години одела на психотерапија за да успее да ги надмине траумите.
„Во домот секогаш имаше насилство. Ме удираше со шлаканици поради секоја ситница. Ми ја скрши раката затоа што одев во парк со другарка ми“, раскажала Мелиса и додала дека злоставувањето започнало кога таа одела во средно училиште, но дека не можела претходно да реагира и кажува што се случува поради страв.
„Не можев да раскажам затоа што татко ми константно ми се закануваше дека ќе дојде крај на мојата актерска кариера и дека нема да ми дозволи да одам во училиште. Дури се обидов и да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Тогаш зажалив и се запрашав: Зошто тоа си го правам себеси? Но, не можев да си помогнам“, раскажала актерката.