Џенифер Лопез во документарниот филм „Halftime“ раскажа сè за комплицираниот однос со нејзината мајка, Гвадалупе „Лупе“ Лопез. Во штотуку објавениот филм, Џеј Ло се присети дека нејзината мајка „ја убивала од ќотек“ додека не побегнала од дома.
„Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше тоа што требаше, и затоа е силна, но поради тоа е и груба. Не тепаше, нè убиваше од ќотек“, рекла Џенифер, која има уште две сестри.
„Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека правев се имајќи ги предвид нивните најдобри интереси. Сакав да воспитам три девојчиња да не зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро.Но Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше со неа“, изјави Лупе.
Таа останува на ставот дека на ќерките со ќотек им ‘ставала во глава’ дека никогаш не смеат да зависат од маж.
Пејачката раскажала дека на 18 години побегнала од дома, бидејќи повеќе не можела да толерира таков однос. Младата Џенифер љубовта кон танцот ја одвлекла од училиштето, а мајка ѝ тоа не сакала да го трпи.
„Ми рече: ‘Ако живееш под мој покрив, ќе мора да завршиш училиште’. Една вечер многу се скаравме и морав да си заминам“, раскажала Лопез.