На Бадник пејачката Лидија Кочовска објави емoтивно видео на кое заедно со нејзините родители Невена и Панче кои беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико” ја пеат познатата мексиканска песна „Las maňanitas”.
-Нека ни е за многу години, ХРИСТОС СЕ РОДИ. Трет пат упатена честитка од нас со „Las maňanitas”, нашата омилена, Празнична композиција.
Пресреќна сум, паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. И сè уште солидно звучиме во троглас.
Ве сакаме од срце…СРЕЌЕН БОЖИЌ. – напиша Лидија на својот Инстаграм профил.
„Ме расплакавте“ – е еден од коментарите на пријателите.
Видеото може да се погледне тука.