Поранешната порно глумица Миа Калифа во интимна исповед првпат признала дека поранешниот сопруг ја користел како „играчка“ и дека тој бил одговорен за тоа што се придружила на порно индустријата.
30-годишната Миа е едно од најголемите имиња во оваа индустрија и тоа со само 11 снимени филмови за три месеци.
Откако ја напуштила индустријата за возрасни, Калифа се пробала во повеќе професии, како што е авторството, поткастот, па дури и спортска телевизиска новинарка.
Поради својата популарност која ја стекнала и големиот број на следбеници, таа ја користи својата платформа да зборува за периодот кога го поминила во светот на филмот за возрасни.
Таа гостувајќи во подкастот искрено зборувала за односот со нејзиниот токсичен поранешен сопруг.
Се омажила за поранешен американски војник кој ја присилил да се придружи на порно индустријата кога имала само 20 години.
Калифа својата врска ја опишала како нешто што „многу девојки се впуштаат кога се во тинејџерските години“.
Поранешната порно-ѕвезда отишла толку далеку што рекла дека тоа не го сметала за врска, бидејќи себе си се гледала како „играчка“.
„Дури чудно се чуствувам кога тоа ќе го наречам врска, бидејќи динамиката не беше врска – повеќе беше динамика на некој кој гледал играчка со која си игра“ – опишала Миа.
Зборувајќи за својот брак во подкастот, Калифа открила дека побегнала веднаш после својот 18-ти роденден.