Џорџ Клуни се огласи откако американските демократи го обвинија за поразот на Камала Харис на претседателските избори во САД на 5 ноември, кога победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Обвинувањата за наводна вина славниот актер и режисер многу тешко ги поднел.
Оскаровецот Џорџ Клуни смета дека го искористиле како жртвено јагне барајќи некој да го обвинат за поразот на изборите. Актерот претходно оваа година предложи Демократската партија да има нов претседателски кандидат наместо Џозеф Џо Бајден. Затоа сега многумина го обвинуваат, бидејќи тој наводно го одредил текот на кампањата и самиот крај на изборната трка.
„Џорџ смета дека реакцијата на која е изложен поради поразот на Камала Харис е целосно неоправдана. Тој мисли дека сосема е неправеден обидот тој да биде „жртвеното јагне“ поради лошиот исход. Ја поддржа Демократската партија и инвестираше толку многу време и пари во таа партија, и за сега тој ќе направи чекор назад. Обесхрабрен е.
Кога го напиша својот авторски текст, тој не рече: ’Бајден е неподобен за претседател, изберете ja Камала‘. Демократите веднаш ја избраа Харис, а таа стана номинирана за неколку дена.
Џорџ смета дека требало да направат чекор назад и да ги разгледаат нивните опции. Затоа веднаш не ја поддржа“, тврди изворот за „Дејли Мејл“.
Клуни најави дека ќе се повлече од политиката, а претходно се пишуваше дека би сакал еден ден да се кандидира и за претседател на САД.
Очајните демократи во Америка деновиве му се обратија на актерот затоа што тој бараше актуелниот американски претседател Џозеф Џо Бајден да поднесе оставка за време на претседателската кампања.
Познатиот актер напиша авторски текст за „Њујорк Тајмс“ во јули во кој го повика Бајден да се откаже од претседателската кампања, пишувајќи: „Нема да победиме во ноември со овој претседател“.
Клуни, чија сопруга Амал Клуни е успешна адвокатка за човекови права, подоцна го пофалил Џозеф Бајден дека е несебичен бидејќи најави дека ќе се повлече од функцијата на 21 јули откако Камала Харис стана демократска претседателска кандидатка и започна 107-дневна кампања против Доналд Трамп.
Група политички коментатори предводена од ветерани под псевдоним „altNOAA“ напиша на социјалната мрежа „X“: „Некој нека ми го донесе Џорџ Клуни. Треба да разговараме“. Новинарот Џошуа Хартли објавил скриншот од авторскиот текст на Клуни и додал: „Ти благодарам, Џорџ Клуни“.
Корисник на „X“ додал: „Трамп не треба да им се заблагодарува на холивудските познати личности. Особено Џорџ Куни“.
За скандалот да биде уште поголем, а наводната вина на Џорџ Клуни уште поизразена, се огласиле и оние кои гласале за претставникот на Републиканската партија, Доналд Трамп и на мрежата „X“ порачале: „Само што ми падна на ум, не зборувавме за улогата на Џорџ Клуни во победата на Трамп“.
Некои забележаа дека Клуни не се огласи по поразот на Камала Харис: „Зошто Џорџ Клуни се предомислил?“. А сега е познато како актерот реагира на критиките.