Шерон Стоун прозборела за познатата сцена од филмот „Ниски страсти“, за која била измамена да ја сними. Режисерот ја убедувал да ги соблече гаќичките.
Актерката е еден од најдолговечните секс симболи во Холивуд, а се тоа е благодарение на филмот „Ниски страсти“, во кој играла фатална жена. Сцената во која ги прекрстила нозете без долна облека остана во сеќавање на многу мажи, а Шерон раскажа како дошло до таа сцена.
Русокосата убавица играла во незабележани филмови и серии, а потоа дошла улогата во „Тотален експлозив“, но бидејќи таму останала „облечена“, агентот и рекол дека никогаш нема да ја гледа како убавица и ќе добива досадни улоги.
Шест недели подоцна, Шерон ја добила улогата во филмот „Ниски страсти“. И токму таму, режисерот ја прелажал да ги соблече гаќичките.
„Ме излажа, ми кажа дека морам да ги соблечам, бидејќи се рефлектираат од светлото. Ме убедуваше дека ништо не се гледа“ – раскажала Шерон пред две години.
„Во петокот беше премиерата, а во вторник тргнав со автомобил да ги соберам очилата со диоптрија. И на црвено светло на семафорот, луѓето почнаа да ми се фрлаат на автомобилот. Другите возачи свиреа со свирките, а јас седам во малото БМВ и се мислам дали можам да тргнам ако имам неколку луѓе на хаубата“ – рекла во едно интервју.
Шерон доживеала поголема непријатност, бидејќи фановите почнале и физички да ја напаѓаат кога ја гледале.
„Со молба да не ми ги влечат ретровизорите и браниците, почнав и да ги молам луѓето на улица да не ми ја кинат облеката и да не ме влечат за коса“ – се присетила таа.