Кристина Пенави, девојка која држи штанд со мандарини во Загреб, стана мета и центар на внимание на хрватските медиуми кои на големо се распишаа за неа. Сите претставници на медиумски редакции кои го посетиле нејзиниот штанд за продажба на мандарини, тврдат дека е неверојатно љубезна и симпатична.
„Има полни раце работа“, се вели во еден од текстовите за Кристина. Не е невообичаено купувачите и да сакаат да направат селфи фотографија со Кристина, а навикнала и на комплименти. Вели дека редовна појава е да ѝ свират со автомобили.
Таа тврди дека дневно од 9 часот наутро па се до 19 часот продава и до 300 килограми од ова овошје, а гужвите се толкави што минувачите често немаат каде да ги паркираат автомобилите за да дојдат на ред. Купувачите се главно мажи и не им е проблем да чекаат со редови за да добијат кило мандарини од Кристина.
„Тоа дека постојано некој свири кога ќе помине навикнав, а сега веќе поединци доаѓаат и да се фотографираат, а кога веќе прашувате сообраќајни несреќи се уште немало“, рекла таа за Јутарњи лист.
На Инстаграм ја следат 17.000 луѓе, а таму често објавува и провокативни фотографии.
Хрватскиот портал 24 сата на шега ја нарече „Памела Мандарисон“, допишувајќи дека на местото каде што работи таа не е потребен сообраќаен радар, бидејќи таму сите возачи возат по прописи.
https://www.instagram.com/p/B2z17kUFDMs/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B09BNRJFwZJ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet