Трудољубивоста ќе нè краси овој месец. Сонцето ќе нè поттикне да ги засукаме ракавите и да се фрлиме на работа ако сакаме да ги постигнеме зацртаните цели. Не постои краток пат кон успехот.
Уште на првиот ден од месецот страсниот Марс ќе нè поттикне да дадеме сè од себе за да оставиме свој отпечаток во светот. Ќе ги импресионираме луѓето околу нас почесто од вообичаено и ќе се чувствуваме одлично во сопствената кожа.
Зголемената самодоверба е гарантирана и поради прекинот на ретроградното движење на Уран во овен. Радикалната планета од ноември наваму нè менуваше на прекрасни начини и ни помагаше да станеме најдобрата верзија од себеси, а сега сите тие промени ќе се одразат позитивно и на нашето однесување. Одеднаш, за нас нема да има невозможни мисии.
Љубовните авантури ќе ни бидат попримамливи од вообичаено под влијание на романтичната Венера, која на 7 јануари ќе премине во стрелец. Можни се авантури за една вечер, неочекувани бакнежи, ненадејни почетоци, заеднички патувања со партнерот…
Најромантичен ден за сите нас ќе биде 18 јануари, кога Венера и Марс ќе се „здружат“ за да ни ги исполнат љубовните желби.
Месецов, ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ ќе бидат најнаградени од небесните тела.