Доналд Трамп и официјално повторно седна во претседателската фотелја. Вчера се одржа неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД, а вечерта традиционално беа организирани свечени балови по тој повод.
На свеченостите во Вашингтон, неговата сопруга Меланија восхитуваше во црно-бел фустан креиран од нејзиниот долгогодишен стилист Ерв Пјер.